СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВО
Вратите на нашата компанија се секогаш отворени за млади луѓе кои сакаат и можат да го надминат сопствениот ентузијазам за работа.
Нашата политика за надоместоци се базира на неколку концепти: конкурентен, мотивирачки, навремен и транспарентен. Принципите што се користат за одредување на понудената плата служат за да го признаат вашиот придонес и да го стимулираат вашето работење. Тие нудат можности за мотивирачки пакети во вашата кариера, во зависност од резултатите, од напредокот во неа и од успехот на компанијата во целост.
Ние разбираме дека нашите вработени имаат активности и одговорности и надвор од работното место. Затоа, нашата компанија, освен што го поддржува начинот на кој работат вработените, истовремено го поддржува и нивниот личен живот. Ова е причината поради која одржуваме постојаност во работните часови, но, исто така, очекуваме вработените да посветат време и напор кога одредени прилики го бараат тоа за успехот на бизнисот.
Основните принципи врз кои се заснова нашата стратегија за работа со нашите кадри се следните:
– разговори со вработените;
– оценки и наградување;
– јавно промовирање на истакнатите вработени;
– реално оценување на желбите и можностите за унапредување на поединци.
Веруваме дека посветеноста на секој вработен, заедно со пакетот од кариерни предизвици, ги поместува границите на заеднички успех, па заедно остваруваме повисоки цели.
